Дебата во Европа

Период на реализација: 01.04.2012 – 21.12.2012

Донатор(и): Европска Комисија

Краток опис на проектот: Младински образовен форум заедно со Интернационалната дебатна и едукативна асоцијација ИДЕА го спроведуваат проектот „Дебата во Европа“. Овој проект е едукативен дебатен проект за млaдите од Европа, средношколци и студенти, на возраст од 15-30 години. Проектот им  овозможува на младите луѓе од Европа да дебатираат online и offline на различни актуелни прашања за Европа, помеѓу себе и со учесници од земјите партнери на овој проект Велика Британија, Македонија, Естонија, Словачка, Романија и Холандија.

Активностите во проектот вклучуваат јавни дебати и интернационалната финална конферeнција.  Во рамките на проектот е формирана и онлајн платформа ateurope.idebate.org  која овозможува дебата и дискусија помеѓу млади од Европа на различни теми кои ги засегаат младите.

Темите опфатени во проектот, инспирирани од актуелните случувања во Европа опфаќаат повеќе значајни прашања како имиграцијата, Европа и светот, Европското општество и културата, солидарноста, Европскиот идентитет и многу други.

Сподели