Барај
Close this search box.

Дебата во училиштата? (1939 – 2013)

Видео анкета на Неготинските средношколци

Средношколците од Неготино, Анета Трајкова и Тодор Петров, под водство и супервизија на новинарот и обучувач Горан Величковски, подготвија седумминутна видео – анкета посветена на слободата на изразување во училишните клупи. „Дебата во училиштата? (1939 – 2013)” е всушност анкета на граѓани од различни генерации кои зборуваат за тоа дали во „нивно време”, во училиштата, се слушал гласот на учениците и дали имало дебата за теми и проблеми што ги интересираат младите. Со анкетата се опфатени луѓе од 16 до 74-годишна возраст. Нивните одговори недвосмислено потврдуваат дека и сега и во минатото, гласот на учениците во училиштата не се слуша и дека тие не се вклучени во процесите на донесување одлуки.

Ова видео е изработено во рамките на проектот „Млади промотори на слободата на изразувањето”, поддржан од ЕУ преку европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а го реализираат Фондацијата НВО Инфоцентар и Младински образовен форум.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: