Дебатата во контектстот на образовните политики

Отплеткување на дебатата: Олабавување на тензијата помеѓу неформалното и формалното образование

Публикацијата ги содржи резултатите од истражување за тоа како дебатата влијае врз средношколците кои ја практикуваат како дел од неформалното образование. Истражувањето е спроведено во 4 земји од регионот – Словенија, Хрватска, Романија и Македонија.

Анализата, врамена во контекстот на националните образовни системи и стратегии, открива дали дебатата има позитивно дејство од аспектот на подобрување на информираноста за тековни настани, критичкото размислување и толеранцијата кај селектираните примероци на ученици дебатери и недебатери. Во истиот период се спроведени и неколку подолги интервјуа со предавачи по дебата од Младински образовен форум, преку чие искуство се целеше да се добие квалитативен увид во квантитативните резултати.

Во публикацијата се вметнати и корисни дебатни вежби, како и есеи од јавни личности со нивни ставови за граѓанскиот активизам, во кои се поддржува дебатата како корисна алатка за воведување на култура на дијалог во општествата.

Теренското истражување е спроведено паралелно во сите земји кои учествуваат во него, во периодот од мај до јуни 2013, со употреба на погоден примерок. Македонскиот примерок содржи 267 респоденти, од кои 132 се дебатери, а 135 недебатери. Дебатерите се членови на дебатните клубови во МОФ со повеќе од 1 година дебатно искуство, додека примерокот на недебатери содржи средношколци од неколку средни школи од повеќе градови во земјата.

Издава: Za in proti, Zavod za kulturo dialoga Ljubljana,2013

Автори: Zdenka Čebašek-Travnik et al.

Изданието е финансиски поддржано од Советот на Европа

Линк за преземање

Сподели