Дебатен тренинг за Британска Парламентарна дебата

Дебатерите од дебатната програма на Младински образовен форум учествуваа на еднодневен дебатен тренинг за Британска парламентарна дебата на ден 30-ти ноември 2019 година. Обучувачите на тренингот беа дебатни членови на Младински образовен форум со долго искуство во работата со клубовите и темата на тренингот.

Дебатерите ги изучуваа основите на дебатниот формат Британска парламентарна се со цел да научат како да дебатираат во овој студентски формат на дебата. Во склоп на самиот тренинг, дебатерите беа обучени и како да градат аргументиран случај на зададена теза во овој формат и како ефективно да обработат аргументација. Покрај ова, се направи осврт и на стилот на говорење и изразување во овој британски формат.

Учесниците на тренингот покажаа голем интерес за дебатниот формат и воедно земаа учество во дебата во ново изучениот формат – Британска парламентарна дебата.

Тренингот се реализираше во рамки на проектот Ангажирање на младите за студентски и младински политики финансиран од Фондација Отворено општество – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: