Дебатен турнир

 “Интернет претприемништвото ќе ја развие оваа заедница”

Во рамките на Локална младинска иницијатива дебатната мрежа на 28 и 29  јуни 2011 ќе се оддржи дебатен турнир во Штип, на кој учество ќе земат 100 средношколци од 14 града од Р.Македонија. 

Тимовите составени од средношколци на возраст од 14 до 18 години ќе дебатираат на темата “Интернет претприемништвото ќе ја развие оваа заедница”.

Младите средношколци ќе дебатираат по Карл Попер дебатниот формат. Турнирот вклучува 4 рунди, по што според бројот на победи, ќе се одредат два најдобри тима кои ќе дебатират во свеченото финале. 

Финалната дебата ќе се одржи на 29 јуни 2011 во Конференциската сала во хотел Оаза со почеток во 14 часот. Финалето на турнирот ќе биде јавен настан на кој покрај дебатерите, учество ќе земат и  експерти на темата и бизнис секторот. 

Турнирот е дел од проектот Локална младинска иницијатива на Младински образовен форум, финансиран од Фондација отворено општество – Македонија и дел од Глобална недела на претприемништво 2011.

Local Youth Initiative Debate tournament
“Internet entrepreneurship will develop this community”

This week, from 28th – 29th June 2011 in Shtip, Macedonia, YEF is hosting the Local Youth Initiative debate tournament, on which participation will take over 100 high school students from 14 cities in Macedonia.

Teams composed of students aged 14 to 18 years will debate the topic “Internet entrepreneurship will develop this community.”

The official debate format debated will be Karl Popper. The tournament includes 4 rounds, and the  number of wins will determine the two best teams who will debate in the final debate.

The final debate will be held on June 29, 2011 in the Conference room in Hotel Oasis at 14 o’clock. The final tournament will be a public event on which despite the debaters, participation will take both  experts on the topic and representatives from the business sector.

The tournament is part of the Local Youth Initiative project, funded by the Foundation Open Society – Macedonia and part of Global Entrepreneurship Week 2011.

Сподели