Во периодот од 21 до 23 февруари во главниот град на Хрватска се одржа дебатниот турнир Загреб Опен 2020. На него учествуваа дебатери од земји од цела Европа, меѓу кои и шест претставници од нашата земја, членови на дебатните клубови на Младински Образовен Форум.
Шесте дебатери: Ѓорѓи Димески, Соња Митиќ, Ана Угрова, Анастасија Марковска, Лука Радуловиќ и Марија Јанева беа поделени во три тимови и се натпреваруваа во БП форматот во кој и традиционално се одвиваат Опен турнирите ширум Европа.
Дел од тимот беше и Весела Трајкоска, дебатен тренер од МОФ, во улога на судија на турнирот.
За поголемиот дел од дебатерите ова беше првото учество на меѓународен турнир, додека пак тимот „Coco`s dress“ составен од Ѓорѓи и Соња успеа и да се избори за место во полуфиналето на турнирот и да освои конечен пласман на 3тата позиција од вкупно 49 тимови.
Особено значаен беше и индивидуалниот успех на Соња Митиќ која се пласираше на 5тата позиција на индивидуалната ранг листа.