Теодора Столевска и Милка Геровска се дебатерките кои ќе го претставуваат МОФ и Македонија на овогодинешното Светско дебатно првенство за студенти во Грција.
Турнирот започна завчера – 27 декември а ќе трае до 04 јануари, локацијата на која 400 тимови ќе ги спротистават нивните дебатни вештини е Универзитетот Македонија во Солун.
Преку 9 прелиминарни рунди полуфинална и финална рунда ќе биде избран овогодинешниот светски првак во дебата.
На турнирот паралелно се одвиваат дебати во три категории :
Open category – во која се натпреваруваат сите на кои англискиот јазик им е мајчин јазик,
English as second language (ESL) категорија – во која се натпреваруваат сите дебатери на кои англискиот им е втор јазик и
English as foreign language (EFL ) категорија во која се натпреваруваат сите учесници на кои англискиот им е странски јазик
Дополнително, тимот на Радио МОФ составен од Димитар Вандовски, Марко Ѓорѓиев и Анте Гулин ги пренесуваат дебатите во живо преку каналот на РадиоМОФ_____
Испраќањето на тим на Светското дебатно првенство придонесува за подобрување и креирање на препознатливост во меѓународната дебатна заедница на македонскокото дебатно друштво .
Во конкуренција на дебатери од универзитети ширум светот, им посакуваме многу среќа и успех на Теодора и Милка.