Барај
Close this search box.

Дебатерите од Тетово и Кичево дебатираа за формалното и неформалното образование

Денеска дебатерите од дебатниот клуб на Младински образовен форум од Тетово гостуваа кај дебатерите од дебатниот клуб во Кичево. Откако учесниците имаа заеднички вежби за запознавање и опуштање, беа поделени во две групи и дебатираа на тезата „Неформалното образование да биде задолжително по формалното образование“.

Средношколците истакнаа дека имаат навистина потреба да учествуваат во активности надвор од училиштето, бидејќи преку нив ги зајакнуваат вештините и се усовршуваат. Тие напоменаа дека преку дебатниот клуб во нивните градови како дел од неформалното образование ги прошируваат своите гледишта, знаења, стекнуваат нови пријателства и другарства. Поголем дел од дебатерите заклучија дека неформалното образование е многу поважно од формалното образование и не сакаат да се формализира.

Главни заклучоци од дебатата беа дека неформалното образование е многу поважно од формалното и секој средношколец кој е вклучен во тој процес постигнува подобри резултати на сите полиња. Дел од дебатерите истакнаа дека не секој средношколец е заинтересиран да се вклучи во неформалното образование, а на тоа влијаат нивните родители, професори кои немаат доволно информации за придобивките од неформалното образование и ги насочуваат средношколците само кон формалното образование.

Дебатерите од двата града имаа можност за дружба и заедничка прошетка во Кичево.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: