Период на реализација: 01.09. 2012 – 01.06.2013
Донатор(и): Open Society Foundation – New York
Краток опис на проектот: Проектот „Дебатирај Академски“ е проект на Младински образовен форум во чии рамки на почетокот на академската 2012/2013 година се отворија 3 дебатни клубови за студенти на Филозофскиот, Правниот и Економскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје.
Покрај отворање на дебатни клубови во кои се одржуваат редовни предавања по Британска парламентарна дебата, активностите на проектот вклучуваат и јавни дебати, натпреварувачки дебатни турнири и летна дебатна академија.
Дебатните клубови имаат за цел да ги научат студентите на форматот Британска парламентарна дебата, да им овозможат вештини за аргументација и критичко размислување, како и да овозможат развивање на квалитетна дискусија помеѓу студентите. Дебатните клубови одржуваат редовни предавања кои се составени од теориски и практичен дел. Покрај редовната работа на клубовите, се одржуваат и дебатни турнири и јавни дебати како резултат на соработката на дебатните тренери од МОФ, учесниците во дебатните клубови и факултетскиот кадар.