Барај
Close this search box.

Дебатирањето менува – дванаесет видео дебати

Диверзити Медиа заедно со Радио МОФ и ИДЕА Југоисточна Европа како партнери, изминатиот период реализираа 12 радио дебати на различн теми а во рамките на проектот „Дебатирањето менува“.

„Недостигаат конструктивни дебати помеѓу политичари, академици, интелектуалци, студенти, млади професионалци…Тоа можеби е така бидејќи земјава во последните неколку години се соочува со ситуација на подвоено општество и поради присуството на страв дека е многу негативно да се биде критичен. Затоа, решивме малку да ги „поттурнемеˮ работите. Да им дадеме можност на дебатите. Согласно нашата цел и стратешка задача како организација која ја промовира различноста и се залага за развој на медиумите во Македонија, посебно на радиото како медиум, одлучивме битката на јасната, критичка, „ЗАˮ и „ПРОТИВˮ мисла да ја водиме токму на радио“, порачаа организаторите на проектот.

Во продолжение може да ги погледнете видео снимките од сите дебати направени во рамките на проектот:

Македонија – импулс на мултиетничноста во регионот

Имаме високо образование, но ниски квалификации

Нема место за лобисти и медијатори во Македонија

ЛГБТ правата во време на конзервативна влада

Правата на работниците не се човекови права

Транспарентноста не е силна страна на македонското општество

Македонскиот образовен систем не ја охрабрува мултиетничката толеранција

Декадата не им помогна на Ромите

Нема дебати бидејќи нема за што да се дебатира во македонското општество

Волонтирањето е трошење време

Миграцијата ќе се намали ако се подобри политичката ситуација во Македонија

Локалните власти не ги вклучуваат граѓаните во процесот на носење одлуки

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: