Период на реализација: март-јули 2015
Донатор: National Endowment for Democracy
Носител на проектот: Национален демократски институт
Краток опис на проектот:
Проектот – Дебатна емисија „Отворено“ е проект на Националниот демократски институт во соработка со Младински образовен форум чија главна цел е да се зголеми нивото на политичка дебата во медиумите и јавниот дискурс.
Емисијата се емитува два пати месечно на една Телевизија 24Вести каде во секоја од епизодите се дискутира на моментална политички-актуелна тема. Со оглед на тоа што многу прашања и општествено-политички теми често остануваат енигма за јавноста, „Отворено“ е можноста во која политичките претставници и експерти од разни области дебатираат на релевантните теми.
Она што„Отворено“ ја прави посебна емисија е можноста која ја нуди на граѓаните да поставуваат прашања или гостуваат и влегуваат во директна дискусија со гостите – панелисти.
Проектот инволвира многу политички претставници, експерти од разни области како и голем дел од граѓаните заинтересирани за темите на кои се дискутира. Овозможувајки платформа каде граѓаните можат да го искажат својот став за прашања кои директно ги засегаат, емисијата е огромен чекор напред во подигањето на свеста за слобода на говор во јавноста.
Сите досегашни емисии од првата сезона на Отворено може да се најдат на YouTube каналот, додека најави за нови емисии може да се следат на страницата на Фејсбук.