Младински образовен форум во соработка со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, на 8 и 9 февруари ја одржа првата дебатна конференција – Integrated talks. На конференцијата посветена на аргументацијата и меѓукултурната размена учество земаа 100 средношколци од 10 градови од Македонија.Конференцијата им овозможи на учесниците да слушаат предавања за: – “Интеркултурен дијалог и културен диверзитет во Македонија” – одржано од Проф. Маја Мухиќ – “Улогата на младите во развојот на културата, дебата и медиумите” – одржано од Назим Рашиди – “Како се користи дебата во реалниот живот” – одржано од МОФ тренери и “Ефективно јавно говорење” – одржано од МОФ тренери Покрај тренинзите учесниците и тренерите имаа можност да земат учество во Агора дискусија на тема “Културен диверзитет и младинска соработка во Македонија”, на која говореа Мерсиха Смаиловиќ, Ива Михајловска и Бујар Лума.
СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ:
28/10/2024