Барај
Close this search box.

Дебатниот тим на МОФ доби признание на Светското дебатно првенство

Членови на Дебатниот клуб во рамките на Младинскиот образовен форум, оваа година за првпат ја претставуваа Северна Македонија на Светското дебатно првенство. Натпреварите се одвиваа на 4 и 5 август во Макао, а македонскиот тим имаше шанса да дебатира против светски реномирани тимови во средношколска дебата како Словенија, Германија и Чиле.

Светското првенство се одржуваше онлајн, а се дебатираше на теми како “This house regrets the commercialization of space” и “This house prefers leadearless social justice movements” .

Македонскиот дебатен тим доби признание за најдобар тим од земјите што прв пат учествуваат на Светското дебатно првенство во „World Schools Debating Style“! Дебатниот тим беше составен од Георгина Петреска, Фросина Кекеновска, Карла Станков, Љубен Атов и Леонид Сајков.

„Одличен турнир, супер искуство и најважно многу стекнати пријателства. Големо благодарам до мојот тим Георгина, Фросина, Леонид и Карла, до МОФ, до најдобрите предавачи и сите кои допринесоа турниров да биде нешто што ќе го паметам засекогаш – Соња, Матеј, Јаков, Бујо и Кристина“, истакна Атов.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: