Дебатниот тим „Оревите“ учествуваше на меѓународниот турнир Asia Pacific WSDC 2021

Овој викенд, победничкиот тим на Националното дебатно првенство 2021, „Оревите“, составен од Леонардо Змајшек, Лука Кадриќ и Митко Неданоски се натпреваруваа на меѓународниот турнир Asia Pacific WSDC 2021, организиран од страна на Малезискиот дебатен клуб.
=Нашите дебатери имаа можност да дебатираат против тимови од повеќе од дваесет држави. Некои од тезите кои се дебатираа се: “THBT people should donate all their wealth beyond what is necessary to meet their basic needs.” “THW abolish labour protection laws in times of economic crisis.” TH as a climate activist, would start using visceral projections (ie. images of animal deaths, stories of climate disaster etc) over scientific evidence as their main method of advocacy.
На овој турнир, Оревите покажаа дека го заслужија првото место на Националното Дебатно Првенство 2021, а особено дека се спремни за наредните предизвици низ нивната дебатерска кариера. Горди сме на вас!
Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.