Цел свет е насочен кон фронтот кој русите вака или така го отвараат во Украина, но текстов нема да иде натаму, туку ќе биде насочен кон еден друг фронт, односно дебатен фронт кој викендов ќе се води во Аранџеловац (у воен термин, на 70 километри ваздушна линија од Белград).
Имено, како што на многу пати до сега сме ве отупеле со објави за дебати, турнири, дебатни победи, слика со Џорџ Сорос (Здраво, здраво М.) и останати дебатни ствари, претпоставувам дека нема да ви биде пречка да читнете уште едно текстче за тоа што ќе се случува викендов во Аранџеловац.
Организиран од дебатната мрежа „Отворена Комуникација“, Аранџеловац Опен претставува најсериозниот дебатен турнир за оваа година, а секако, ради блискоста на местото, милионите кои (He will not be named, иако му го спомнав името погоре) ни ги прати преку гулаб, учество ќе земе и македонската дебатна делегација во состав: Георги Велковски, Катерина Васковска, Стефан Алексиќ, Атанас Димитров, Милка Геровска, Теодора Столевска и нашите штотуку вратени борци од дебатниот фронт во Виена, Иван Кантарџиски и Петар Ивановски.
Секако, најсериозниот турнир во годината не би бил најсериозен доколку Радио МОФ не врши видео пренос од истиот, па така, сите кликови нека бидат насочени тука како и вашите твитови за поддршка за македонската делегација на хаштазите #ARopen14 и #debatamk
На турнирот учество ќе земат 40 тимови од повеќе земји низ светот, а веќе во сабота наутро започнуваат и првите рунди во дебата.
Она што останува е да и посакаме среќа на македонската делегација (We pray to Jobu), брз и стабилен интернет за стрим тимот на Радио МОФ и секако нов дебатен успех на дебатната програма на МОФ.
Текстот ќе го завршам со една славна дебатерска поговорка – Зборувај ми аргументирано и викај ме прва влада!
Своерачно,
Димитар Вандовски – Були