Барај
Close this search box.

Декларација за воведување промени во студентското организирањe

Денес, соочени со монополот во студентското организирање, неуспешните борби на студентите против неправдите, системот на високо образование кој е тешко променлив и инертен, партизацијата на претставниците на студентите,  кај студентите се раѓа едно чувство на апатија, кое резултира со пасивност кај истите, појава која се дефинира негативно во современите, општествени текови. Проблемот го лоцираме во непостоењето на  систем  коj би ги реализирал идеите на студентите, и  на постоечките студентски  организации, во исто време,  давајќи им ја  потребната слобода и простор  за дејствување.

Со цел подобрување на постоечката ситуација, Младински образовен форум Ве повикува да ја подржите иницијативата за реформи во студентското организирање.  Она што ни е потребно е неполитизиран, независен, стабилен студентски систем организиран според европските стандарди и практики.

За да се реализира оваа идеја потребно е да се поддржат и промовираат следниве принципи:

  • Уставно загарантираното право на сопствен избор за здружување и членување  во било која форма на организирање

 

  • Демократските принципи при избор на сите претставници, од чии редови ќе се изберат понатаму органите и раководните лица во студентските форми на организирање, со што би се зголемила легитимноста на студентските претставници
  • Следејќи ја идејата за плурализам, да се овозможи  на студентските организации, како и на индивидуалците учество  во Студентските Парламенти како на ниво на  матични факултети, така и на Универзитетско ниво
  • Согласно Болоњската декларација, легитимни и функционални студентски форми на организирање кои ќе се грижат  за подобрување на наставата и курикулумот, намалување и сузбивање на коруптивното однесување во високото образование, подобрување на студентскиот стандард.
  • Подобрување на комуникацијата како помеѓу студентите и студентските форми на организирање, така и помеѓу студентските претставници и високо образовните институции, со што би се зголемила ефикасноста и ефективноста на овие тела, во еманципација на студентските интереси
  • Постоење на праг на излезеност / цензус при избирање на студентските претставници

Со пристапување кон оваа иницијатива, вие поддржувате модернизација и демократизација  во начинот на организација на студентското организирање, еден од неопхдните чекори кои мора да ги направиме доколку сакаме да ја подобриме постоечката  состојба во високото обрзование.

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: