Барај
Close this search box.

Деветтото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување

Младински образовен форум (МОФ) на 12мај 2018 година го организираше деветтото издание на јавниот дебатен настан Аргумент: Организирано изразување.

Настанот кој започна во 20 часот се оджи во Музејот на современа уметност во Скопје.

Аргумент: Организирано изразување е целовечерен дебатен настан, чија цел е да ја подобри културата на дијалог и структурата на говорење во јавниот дискурс и да ја промовира аргументацијата како неопходен услов за продуктивна дискусија. И оваа година ветуваме квалитетна дебата на актуелна општествена-политичка тема, прецизно структурирана и организирана на начин на кој ќе овозможи фер дискусија на говорниците на дебатата и на присутната публика.

Тезата на овогодинешниот Аргумент гласеше: Овој дом верува дека дражава со ваква младина (не) треба да се грижи за својата иднина. На истата дебатираа два тима составени од тројца говорници кои ја подржаа или ја негираа тезата.

Афирмативен тим [тим кој ја поддржува тезата] беше составен од Славчо Димитров, Бесфорт Идризи и Тања Царовска, кој тврдеше дека во Македонија нема доволно можности за младите особено оние кои се дел од маргинализираните групи во државата. Дополнително беше истакнато дека државата треба да превземе итни мерки за да ги го спречи бранот на иселување на младите од државата преку реформи во образовниот систем и преку овозможување можности за вработување на малдите. Негациски тим (тим кој ја негира тезата) беше составен од Ивана Туфегџиќ, Коста Петров и Аделина Марку кој тврдеше дека покрај институциите младите се оние кои досега се бореле и треба да продолжат да се борат за своите права и да создаваат можности кои ќе бидат поволни за нив.

Аргумент: Организирано изразување беше поддржан од Фондација Отворено општество Македонија во рамки на јубилејниот настан за одбележување на 25-годишнината од постоењето на ФООМ,  организирана од Младински образовен форум.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: