Младински образовен форум и и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD) ве покануваат да го проследите петтот отворено предавање за студенти од цуклусот „Ново студентско секојдневие“. Ова предавање го посветуваме на технологијата и дигиталната трансформација и истото е насловено „Дигитално освестување во дигитална ера“.
Веќе долго време живееме во дигитална ера, но со појавата на пандемијата и префрлањето на нашите приватни и професионални животи онлајн, приморани сме да ги прифатиме дигиталните промени во нов контекст. Горјан Јовановски, еден од нашите најдобри девелопери и креатор на апликацијата МојВозух/AirCAre, ќе одржи предавање на на 27-ми мај (среда) од 19:00 часот.
Предавањето ќе ги отвори следните прашања:
Kако технологијата помага да се одржи секојдневието, работата, образованието и дружењето во кризата?
Кои се дигиталните херои кои спасуваат животи преку апликации, тракери и информирање?
Кои се новите ризиците во подем, од лажни вести од онлајн измами?
Како технологијата помага да се задржи демократијата во време на вонредни состојби?
Дали има надеж дека кризата ќе поттикне период на иновација?
Која е улогата на технологијата справување со Ковид-19?
Горјан, оригинално потекнува од Скопје. Таму тој дипломира како софтверски инженер на Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ) во 2015 година, а магистрира cum-laude на University of Amsterdam во 2016 како магистар по софтверско инженерство. До 2020 година, работи во Booking.com како софтверски инженер и менаџер на над 30 луѓе, а потоа ја основа МојаФирма и го вложува делиот фокус во Aircare (МојВоздух). Како дел од 3000 еко активисти низ Македонија, од 2014 година бара начин како да помогне околу проблемот со енормното загадување на воздухот. Комбинирајќи ги пасијата за технолоција и зелена средина, ја креира МојВоздух, апликација која што го прикажува степенот на загадување низ целата земја. Со над 200.000 преземања, МојВоздух бргу ја подигнува јавната свест околу загадувањето, а Горјан со неговата љубов на јавно говорење, продолжува да ја шири приказната и надвор од границите на Македонија преку разни говори, како и неговиот TED говор насловен “The Data I Breathe”.
Ако сакате да го следите предавањето се што треба да направите е да ја пополните апликацијaта: [shorturl.at/FSZ08] и да се вклучите на линкот во терминот на посакуваното предавање, кој ќе ви биде испратен на вашата e-mail адреса.
Циклусот отворени предавања за студенти „Ново студентско секојдневие“ е организиран во рамки на проектот „Зајакнување на демократските компетенции и учество на младите луѓе“, имплементиран од страна на Младински образовен форум, а во соработка со Фондацијата за демократија на Вестминстер.