Период на реализација: 01.09.2015 – 10.12.2015
Донатор: Британска амбасада
Краток опис на проектот:
Проектот „Дијалог и демократија – вредноста на Магна карта во денешно време“ е проект на Младински образовен форум подржан од страна на Британската амбасада во Скопје, кој се спроведува во периодот од септември до декември 2015 година.
Целите на проектот се преку предавања во три средни училишта, како и преку предавања во повеќе од десет Учиме право клубови во Македонија да се потенцира значењето на Магна карта како документ кој значително влијаел на развивањето на идеите за слобода и демократија и креирањето на подоцнежни декларации кој и ден денес важат и се почитуваат во многу држави низ светот.
Проектот ќе вклучи голем број на средношколци, професори од средни училишта и факултети, претставници од граѓанскиот сектор како и амбасадори и студенти во државава и од странство. Интересно за овој проект е што сите средношколци ќе имаат можност да учествуваат на конкурс на кој ќе можат да истражуваат и да напишат есеј со што ќе го искажат својот став на една од трите понудени теми поврзани со конституционализмот, правосудството и влијанието на Магна карта како инспирација за либерализмот и демократијата во Европа и пошироко.