[Дискусија] Што научивме од претседателските дебати?

Зошто во Македонија е вест одржувањето на претседателска дебата? Што научивме од претседателските дебати и каков беше нивниот квалитет? Какво е влијанието на претседателските дебати во јавноста?

Ова се само дел од прашањата за кои ќе се разговара во дискусијата која ќе се одржи во Радио МОФ во среда (16ти април), во 13:00 часот на тема „Што научивме од претседателските дебати?“.
Дискусијата ќе се емитува во живо преку видео стрим на www.radiomof.mk/stream.

Македонија на 27 април по петти пат избира претседател. Во пресрет на првиот круг од претседателските избори, јавноста имаше можност да проследи само две претседателски дебати. Едната во организација на американскиот Национален демократски институт на ТВ 24 Вести, каде не гостуваше претседателскиот кандидат на ВМРО –ДПМНЕ, Ѓорѓе Иванов и онаа на јавниот сервис – МРТВ каде учествуваа сите кандидати. За содржината, аргументацијатa и влијанието на претседателските дебати во Радио МОФ ќе дебатираат:

Зоран Иванов – програмски директор во ТВ 24 Вести
Петар Арсовски – комуниколог
Стефан Ристовски – координатор на Дебатната програма во МОФ

Новинари: Кристина Озимец и Јасмина Јакимова

Сподели