Барај
Close this search box.

Доделени наградите за стартапи од Школата за претприемништво „Од идеја до стартап“

На настанот „Можности и бариери за младинско претприемништво и вработување во приватниот сектор во Северна Македонија“ посветен на младинската вработеност, претприемништвото и образованието за претприемништво, оддржан на 12 јуни 2019 во Скопје, во организација на Младински образовен форум (МОФ) и Институт за европска политика (ЕПИ), беа доделени награди за младински тимови кои сакаат да основаат свој бизнис.

На наградувањето му претходеше 4-месечна школа за претприемништво „Од идеја до стартап“ која ја завршија 25 учесници. Тие формираа свои тимови и изготвија бизнис идеи.

Во конкуренција од осум тима, наградени беа АртТехне, Bloodmoon и Дом за сите.

Првонаградените АртТехне го сочинуваат Горјан Аревски и Санела Вучевска. Тие освоија награда во износ од 100 илјади денари. Второнаградени Bloodmoon се Дарко Илиевски, Даниел Бошкоски и Марио Станковиќ и освоија 50 илјади денари, а третонаградените Дом за сите кој го сочинуваат Борјан Овезовски, Ана Пасковска, Димитар Петровски и Маја Велковски освоија 30 илјади денари. Во периодот што претстои, тимовите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи и да ги отворат своите бизниси.

  

Наградите беа поддржани од проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ како и неколку компании: КОМА, Synapse, Bitsia, Time.mk и Brainster. Благодарност до нив за несебичната поддршка и вложувањето.

Школата беше организирана во рамки на проектот „Ангажирање на приватниот сектор во образование за претприемништво“ кој го спроведуваат МОФ и ЕПИ, а е поддржан од Центарот за меѓународно приватно претприемништво/Center for International Private Enterprise (CIPE). Проектот цели да придонесе кон зголемување капацитетите на младите од Северна Македонија за да се вклучат во претприемништво, да се зголеми улогата на приватниот сектор во образованието за претприемништво и да се зголеми поддршката на политики кои ги подобруваат економските услови за младите од државата.

Како дел од настанот беше и панел дискусијата каде говорници беа:
Крешник Бектеши – Министер за економија, Фатмир Бесими – Универзитетски професор на Универзитетот на ЈИЕ, Валентина Дисоска – Здружениe на бизнис жени – Македонија
Олимпија Христова Заевска – Советничка за меѓународна економија и развој – Кабинет на Премиерот на РСМ, Тања Илиевска – Фонд за иновации и технолошки развој, Ивона Крстевска – Национален младински совет на Македонија, Норик Селими – Извршен директор Kariera.mk

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: