Доделени сертификатите на членовите на Дебатните и Учиме Право клубови на МОФ

Оваа сабота, 20ти јуни,  во просториите на Младински образовен форум се одржа завршен настан за одбележување на успешно спроведениот годишен курикулум на Дебатната и Учиме Право програма. На членовите на овие програми им беа доделени сертификатите за успешно помината обука во соодветната програма.

На настанот присуствуваа гости од 12 града каде во центрите на МОФ се  спроведува годишната програма по Дебата односно Учиме Право.

Агендата содржеше разни друштвени игри, Учиме Право квиз како и јавна дебата на тезата: “Државите од поранешна Југославија треба да ги одбележуваат настаните од Југословенските војни”.

Говорници на јавната дебата беа дебатни предавачи од  страната на негација:Стефан Алексиќ, Марко Ѓорѓиев и Симона Сарафиновска и победниците на Националното дебатно првенство од страната на афирмација : Калина Прелиќ, Соња Митиќ, Кристина Маџоска.

Настанот заврши со доделување сертификати и коктел забава. Настанот е подржан од Фондација Отворено општество Македонија и Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

 

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: