Доделени сертификатите за младите новинари од Новинарскиот клуб на МОФ

Првата официјална средба на новинарскиот клуб, како и доделувањето на сертификатите на членовите се одржа на 3 јули.

Новинарскиот викенд ја официјализираше работата на Новинарскиот клуб при Младинскиот Образовен Форум, за успешно помината програма за Млади новинари во учебната 2020/21 година.

Под менторство на новинарот Огнен Јанески, со почеток во ноември минатата година, дваесетина средношколци, студенти и млади заинтересирани за новинарство посетуваа онлајн средби за изучување на медиумска писменост, пишување вести и интерјвуа, и подготвување подкасти и видео прилози.

Младите новинари-аматери, предавањата во Новинарскиот клуб ги започнаа со тридневен тренинг за запознавање со основите на новинарството кој го одржаа новинарите при Радио МОФ – Јасмина Јакимова, Даниел Евросимоски, Бојан Шашевски и Емилија Петреска.

Покрај почетниот тренинг и предавањата на менторот, членовите на клубот следеа и гостински предавања од домашните новинари Мишко Иванов, Вики Чадиковска и Кристина Озимец.

Досегашната работа на членовите на Новинарскиот клуб може да ја погледнете на Радио МОФ.

Во септември следува и нов повик за учесници на новинарскиот клуб.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.