Со цел да се прикаже состојбата на студенткото организирање во Македонија и да поттике размислување на темата, Младински образовен форум го изработи документарниот филм Студентите за плурализам.
Документарниот филм ги прикажува најзначајните акции и проблеми со кои се соочуваат студентите во Македонија, и ја отсликува потребата од демократско и плурално студентско организирање.
Промоцијата на филмот се одвиваше на циклусот јавни дебати Евтини студентски приказни на кои на неколку факултети студентите заедно со претставници на младниски организации, студнтски медиуми, новинари, студентскиот правобранител и претставници на СПУКМ дискутираа за студентското организирање.
Во филмот се споделуваат ставовите и мислењата на:
Денко Малески – универзитетски професор
Гордана Силјановска — универзитетски професор
Билјана Ванковска – универзитетски професор
Марина Костова — уредник во „Вест”
Драган Милевски – активиист во „Слободен Индекс”
Марија Мирчевска — координатор на програма за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики „Младински образовен форум”
Даниела Атанасова — основач на студентско списание „Излез”
Кире Арсовски — „Истражувачко друштво на студенти биолози”
Славица Тофиловска — „Истражувачко друштво на студенти биолози”
Бојан Недев — BEST
Продукцијата на документарецот е на НОВА ТВ.