Друштвено гледање и коментирање парламентарна ТВ #дебатамк

Младински образовен форум (МОФ) во соработка со НДИ (Нaционален демократски институт) и Фондација Метаморфозис организира друштвено гледање и коментирање на парламентарната ТВ дебата помеѓу претставниците на најголемите политички партии кои претендираат со свои изборни листи на предвремените парламентарни избори 2014.

Друштвени гледања и коментирања на парламентарната ТВ дебата ќе се организираат во 13 градови во Македонија.

ТВ дебатата е во организација на НДИ, а премиерно ќе се емитува на 24-ти април (четврток) со почеток од 20:20 часот на ТВ 24 Вести, ТВ Стар – Штип, ТВ ЕРА – Скопје, ТВ БТР – Скопје, ТВ КОХА – Тетово, ТВ ИРИС – Штип, ТВ ВИС – Струмица, ТВ Ускана – Кичево, ТВ КИСС – Тетово, ТВ Тера Битола, како и преку видео стрим на www.ferizbori.mk и www.24vesti.mk.

Посетете ги друштвените гледања и коментирања на парламентарната ТВ дебата, на некоја од следните локации:
– Скопје: ГЕМ Клуб (Менада, Стара Чаршија)
– Тетово: Скај бар ИЛИРИЈА
– Дебар: Кафе бар ГРАМОС
– Кичево: Центар за развој на заедницата (ЦРЗ)
– Струга: Мезе бар КИНГСТОН
– Битола: Младински културен центар (МКЦ)
– Ресен: Кафе бар ПОРТА
– Велес: Кафе ЧАО (спроти гимназијата Кочо Рацин)
– Кратово: Пиза бар КУЛА
– Неготино: Кафе бар СТЕФАНИ (Стара Чаршија)
– Струмица: Кафетерија QUE PASA
– Штип: Сити кафе
– Куманово: Bar Cube

Агенда на настанот:
20:20 – 21:00 – Следење парламентарна дебата за екомомија, образование и здравство
Претставници/говорници: Марјанчо Николов (СДСМ), Фетмир Бесими (ДУИ), Орхан Ибраими (ДПА);

21:00 – 21:45 – Следење парламентарна дебата за улогата на Собранието, меѓународни односи, човекови права, односи меѓу заедниците, животна средина
Претставници/говорници: Рената Треневска Дескоска (СДСМ), Ермира Мехмети (ДУИ), Беким Фазлиу (ДПА);

21:45 – 23:00 – Дискусија за аргументациите, пораките, побивањата и презентациските вештини на кандидатите за пратеници;

На поканата за учество на оваа дебата позитивно се одзваа политичките партии ДПА, ДУИ и СДСМ, а сеуште нема одговор од ВМРО-ДПМНЕ.

Jавните следења и дискуии се отворени за сите заинтересирани кои сакаат во друштво да ја проследат и коментираат оваа дебата.
Дискусијата ќе се случува и на Твитер и Фејсбук со хаштагот #дебатамк.

Друштвените гледања се поддржани од УСАИД, НЕД и Британската амбасада.

Сподели