Дружење на дебатерите од Тетово и Велес

Минатата сабота, 15-на членовите на дебатниот клуб на Младински образовен форум од Тетово беа во посета во дебатниот клуб во Велес. Целта на средбата беше размена на искуства и идеи и дискусија на теми кои ги засегаат младите и средношколците.

Членовите на двата клуба разговараа за влијанието на дебатата во општествениот живот и за тоа како тие ги применуваат вештините стекнати преку дебата. Покрај едукативниот дел, дебатерите од двата града имаа можност за заедничка прошетка и дружба во Велес.

Членовите на тетовскиот дебатен клуб беа задоволни од посетата во велешкиот клуб, а нивните колеги од Велес, пак, им најавија скорешна посета во Тетово.

Сподели