Државата да размисли: “45 % од младите сакаат да ја напуштат Македонија”

200 средношколци со загрижувачки пораки од центарот на Велес
200 средношколци од 14 градови од Македонија, денеска на платото пред споменикот на Кочо Рацин, пред гимназијата во Велес, испратија порака до институциите и властите, да ги вклучат младите во процесот на донесување одлуки и да размислат како би изгледала Р. Македонија доколку младината се исели од оваа држава.
Младите средношколци, држејќи во рака балони во црвена и жолта боја, со кои ги симболизираа боите на Македонија, се движеа од училиштето Јовче Тесличков до гимназијата Кочо Рацин. Во одреден момент, 200-те учесници, во забрзан ритам ги пукаа црвено-жолтите балони и ја напуштаа толпата, еден по еден. Кога беше пукнат и последниот балон, се што остана на платото беше пораката испишана од стиропорни букви која гласеше “45 % од младите сакаат да ја напуштат Македонија”.
Оваа парада на младинскиот глас, беше поттикната од загрижувачките резултати од истражувањето на тема “социјална инклузија и граѓанско учество на средношколците”, спроведено од страна на Младински образовен форум, на репрезентативен примерок од 3607 средношколци.
200 од испитаниците, решија да испратат порака и тие да бидат први кои ќе реагираат на ризиците од иселување од масовни пропорции и со тоа да ги повикаат властите и институциите да размислат кои се причините за ваквите загрижувачки резултати од истражувањето.
Повеќе информации за резултатите од истражувањето и за активностите на МОФ ќе најдете на Истражување за граѓанското учество, социјалната вклученост и проблемите на средношколците во Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: