Барај
Close this search box.

Дводневна обука по дебата во Делчево

На 27ми и 28ми јули,  Дебатната програма на Младински образовен форум организираше дводневна обука по дебата во Делчево за членовите на дебатниот клуб – дел од Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието.

Целта на оваа обука беше преку алатки за комуникација и дискусија од една страна младите во Делчево да разговараат за заедничките предизвици а од друга страна да го зголемат своето разбирање за теми како меѓутничка интеграција и влијанието на формалното и неформалното образование во процесот на градење на соживот.

Тренерите го споделија своето знаење со учесниците на тема аргументација, градење на случај и анализа на теза, кои се од фундаментално значење за еден дебатер. Обуката заврши со јавна дебата на која учесниците покажаа колкав напредок беше постигнат  по слушањето на предавањата.

Дебатните тренери Ивановски Петар и Дејан Ризински, кои ја спроведоа оваа обука, дадоа се од себе настанот да помине успешно, дебатерите да бидат задоволни и побогати со новите дебатни знаења.

Иако за време на летниот распуст, и надвор од вообичаениот курикулум на Дебатната програма, обуката беше значително посетена од локалните дебатери, кои полни со ентузијазам решија да издвојат дел од слободното време и да го инвестираат во надградување на нивните дебатирачки способности, да разговараат за различните култури и заедничка соработка.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: