„е-Бонтонˮ прирачник -100 правила за добро однесување на интернет

Излезе од печат првиот македонски „е-Бонтонˮ прирачник со 100 правила за добро однесување на интернет, проект кој го реализираше Фондацијата „е-Македонија“ на Македонски Телеком.

Ограничен број примероци од овој прирачник граѓаните бесплатно ќе можат да добијат во продавниците на Телеком. Оние пак кои нема да успеат да набават примерок од печатената верзија, тој ќе биде достапен и во електронска верзија на сајтот на е-Бонтон, на интернет страницата на Фондацијата „е-Македонија“, на веб страницата на Македонски Телеком и на порталот Идивиди.

Фондацијата „е-Македонија“ минатата година во декември ја започна со реализацијата на проектот „е-Бонтон”, со цел создавање правила за убаво однесување во електронската комуникација и подигнување на јавната свест за начинот на кој луѓето комуницираат преку социјалните мрежи.

Тогаш Фондацијата креираше своја веб страница (www.ebonton.mk) и Фејсбук фан страница „е-Бонтон“ која беше отворена за сите граѓани што сакаа да споделат свое правило за да се креира прирачникот. Од многуте предлози, се избраа 100-те најуспешни објавени во него. Проектот беше поддржан и од невладината организација Метаморфозис, Младинскиот отворен форум и Високата школа за новинарство и односи со јавност.

„Драго ни е што проектот „е-Бонтон“ наиде на одличен прием кај нашите сограѓани, особено кај оние кои секојдневно се вклучени во интернет комуникацијата. На овој начин, се надеваме, ќе придонесеме до значајно подобрување на комуникацијата и меѓусебното разбирање во онлајн заедницата”, изјави Радмила Јончевска, директор на Фондацијата „е-Македонија“.

Прирачникот може да го спуштите и од овде : „е-Бонтонˮ прирачник

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: