ПРОБЛЕМАТИЧНО ЕКСТЕРНО ОЦЕНУВАЊЕ.
ПОТПИШИ СЕ ЗА ДА СЕ ПРОГЛАСИ ЗА ПИЛОТ!
Финалната анализа за Екстерното тестирање можете да ја најдете тука.
Младински образовен форум (МОФ) ги повикува сите ученици, наставници, професори, родители и загрижени граѓани да се потпишат на петицијата со која од надлежните институции бараме овогодинешното екстерно оценување да се прогласи за пилот.
Секој потпис е глас упатен до Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државиот испитен центар , со порака да се направи сериозна анализа на пропустите од спроведувањето на екстерното оценување, да се работи на редефинирање на целите во насока на подобрување на образовниот систем, да се напушти концептот на пласирање притисок и страв врз учениците и наставниот кадар и да се корегираат сите технички пропусти. Единствено доколку тестирањето се прогласи за пилот учениците и професорите нема да бидат оштетени, а образованиот процес ќе добие одлична можност за корекција и подобрување.
Петицијата започнува на 3ти јули 2013 година (среда) во период од 10 последователни дена, во 15 градови во државата: Скопје, Тетово, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Битола, Велес, Куманово, Кратово, Делчево, Гевгелија, Неготино и Штип
Анализа и препораки – екстерно оценување во училиштата во Република Македонија
Распоред на градови, локации и термини за петиција:
Забелешка: Подолу наведените локации се фиксни за соодветните градови за секој ден заклучно со 12ти јули. Доколку поради временските услови има промени на локациите, за истите ќе бидете известени или информација можете да добиете на погоре наведените контакт телефони.
Град | Локации | Време |
Битола | Широк сокак – пред Веро маркетот | 10-13 / 17:30-21:30 часот |
Велес | Плоштад Сармаале
Спроти Гимназијата „Кочо Рацин“ |
09-13 часот 18-22 часот |
Гевгелија | Плоштад | 09-13 / 17-21 часот |
Дебар | Центар за култура
Градска плажа |
11-14 часот
15-18 часот |
Делчево | Градски плоштад (пред мостот) | 10-13 / 17-21 часот |
Кичево | Пред пицерија Рома | 18-21:30 часот |
Кратово | Пред хотел Кратис
Градски плоштад |
8-11:30 часот
17-21 часот |
Куманово | Плоштад, Парк Соколана | 17-21 часот |
Неготино | Градски плоштад | 10-14 часот |
Охрид | Кај Чинарот | 10-14 часот |
Ресен | Пред Jazz таверна | 11-15 часот |
Скопје | Улица Македонија | 10-13 / 17-21 часот |
Струга | Чашија | 10-14 / 17-21 часот |
Струмица | Плоштад „Гоце Делчев“
ТЦ Глобал |
10-14 / 17-21 часот
10-19 часот |
Тетово | T-Mobile, центар | 11-19 часот |
Штип | Нама | 10-13 часот
18-22 часот |
Baixar Adobe Photoshop Crackeado