Барај
Close this search box.

Екстерното оценување да се прогласи за пилот

Младински образовен форум (МОФ) спроведе анализа на политиките, целите, начинот на спроведување и ефектите од екстерното оценување кое во Македонија за прв пат се воведе на крај на учебната 2012/2013 година. Анализата говори за сериозни технички пропусти во реализација на тестирањето, законски недоследности и прекршувања, како и промашувања во поставувањето на целите на екстерното оценување.

Покрај останатите препораки, МОФ инсистира до институциите да го прогласат екстерното тестирање оваа учебна година за пилот, да направат сериозна анализа на пропустите и ефектите, да отворат јавна дебата со засегнатите стран и да работат на негово подобрување со единствена цел – подобрување на образовниот процес и унапредување на перформансот и знаењето кај учениците и професорите, а не предизвикување страв.

Еден од сериозните пропусти е тоа што закононските одредби со кои се дефинира екстерното оценување беа прекршени во неколку наврати, а најпрво со пробивање на рокот за објавување на предметите за полагање. Учениците ги дознаа предметите за кои треба да полагаат 4 дена пред полагањето, наместо законски предвидени 7 дена пред полагање. Дополнително, законот беше прекршен и со одложување на полагањето за неколку часа, па дури и за следниот ден, заради падови на компјутерскиот систем. Ова се коси со законски предвидениот рок за одложување на полагањето од максимум половина час. Ваквите пропусти создадоа тензија и стрес кај учениците, што резултираше со пад на концентрација, замор и страв.

Законот не предвидува негативна оценка (незадоволителен, 1) за екстерните тестови, па нејасно е што треба да направат учениите кои ќе “паднат” на екстерното, имајќи во предвид дека за нив не е предвиден поправен тест. Покрај тоа што содржи недоследности, законот исто така дискриминира бидејќи ги оценува само професорите кои предаваат задолжителни предмети, а останатите ги “ослободува” од можноста да бидат казнети или нградени.

Учениците и професорите сведочеа за низа технички пропусти при спроведување на екстерното тестирање кои може сериозно да влијаат врз оценката. Забележани беа ситуации на повторување на едно исто прашање повеќе пати во рамки на ист тест, поставување на прашања на јазик различен од мајчиниот на ученикот, поставување повеќе прашања од тематски единици кои се изучуваат во само еден час, наспроти воопшто прашања од тематски едници кои се изучувале во повеќе часа, како и прашања од материјал кој професорите не стигнале да г опредадат, а камо ли учениците да го научат.

Ваквото екстерно оценување може да цели само да ги уплаши професорите и учениците, наспроти зацртаната цел да ја утврди објективноста на оценувањето и наспроти посакуваната цел да го унапреди образовниот процес . Наместо подобро знаење за учениците, ваквото есктерно оценување фаворизира средни оценки од професорите за учениците, како би се избегнала веројатноста за големи отстапувања од годишните оценки. Дополнително, се отвора прашањето дали професорот чии ученици објективно се оценети со `доволен` и `добар` заслужуваат да бидат наградени или пак неопходно е унпредување на нивната работа со цел учениците да добијат подобро знаење?

Младински образовен форум ги повикува Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар да ги земат во предвид недостатоците во законската регулатива и начинот на кој беше спроведено тестирањето оваа година, да го искористат времето кое сеуште стои на располагање и да го прогласат и третираат ова оценување како пилот. Со оваа мерка, инситутциите ќе имаат можност да извршат корекции и унапредување на поставените цели, системот на спроведувње и техничките ресурси, со единствена цел подобрување на образовниот процес и унапредување на знаењата и пеформансите кај учениците, односно професорите.

Целосната анализа можете да ја преземете тука

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: