Од оваа година, во рамките на конференцијата за друштвен активизам ENGAGE се организира ENGAGE GENERATOR како новина за оние кои не сакаат само да присуствуваат на еднодневната конференција, туку и да креираат и спроведат сопствена акција.
Доколку имате инспирација за акција, сакате да најдете тим со кој ќе работите на иницијатива или да ја ги развиете вашите идеи со помош на експерти, пријавете се на ENGAGE генераторот кој ќе се одржи еден ден по конференцијата во просториите на МОФ, на 15 јуни и ќе трае 3 часа, во периодот од 13:00 до 20:00 часот.
На ENGAGE GENERATOR ќе се одржат работилници за 4 области – јавна дебата, изразување на јавни простори, мултимедија и интернет и истражување и креирање на политики, на кои ќе се развиваат акции кои би сакале да ги организирате.
Работилниците ќе ги водат:
• Јавна дебата со Оливера Трајковска (новинар) и Лазар Поп Иванов (тренер по дебата во МОФ)
• Изразување на јавни простори со Игор Тошевски (уметник и копирајтер) и Петар Антевски (медиа/арт координатор во МОФ)
• Мултимедија и интернет со Дарко Булдиоски (комуниколог) и Стефан Алексиќ (координатор на Радио МОФ)
• Истражување и креирање политики со Никола Спасов (агенција Рејтинг) и Марија Мирчевска (програмски координатор во МОФ)
Со регистирање за ENGAGE GENERATOR на 15 јуни автоматски сте регистрирани и за учество на ENGAGE CONFERENCE на 14 јуни.
Кандидатите за учество на генераторот треба да ги исполнат следните услови:
– Да покажуваат интерес за вклучување во идни акции, иницијативи и кампањи;
– Да покажуваат интерес за барем една од темите на работилниците;
– Да покажуваат интерес за социјални промени и помагање на заедниците;
– Да учествуваат на конференцијата за друштвен активизам – ENGAGE
Сите заинтересирани можат да се пријават на една од работилниците најдоцна до 11 ти јуни 2014 година со пополнување на апликацијата достапна на следниот линк.
Бројот на учесници за секоја работилница е ограничен. Работилниците се бесплатни и ќе бидат спроведени на македонски јазик од страна на искусни обучувачи од МОФ и соработници на МОФ. При селекцијата на кандидатите ќе биде земен предвид етничкиот и родовиот баланс на групите.