Младински образовен форум и Радио МОФ го најавуваат музичко финале ENGAGE The Night на овогодинешното издание на конференцијата за социјален активизам – ENGAGE.
ENGAGE The Night е вечерен музички настан кој ќе се одржи на 22-ри февруари, во фоајето на Кино Фросина, со почеток во 21:00 часот. Овогодинешното издание на ENGAGE The Night воедно ќе биде и прослава на деветиот роденден на Радио МОФ.
Со почеток во 21:00, публиката ќе има можност да ја слушне Дина Јашари, младата канавторка и вокалистка која во придружба на нејзината гитара ќе ги изведе нејзините авторски песни. Потоа, Local Blue, популарното психоделично трио кое ќе настапи со своите нумери од вториот албум – 2nd Landing. За крај, диск-џокејско дуо кое обожава disco-funk ритмови со мали примеси на new wave – The DD’s ќе ја забавува публиката до крајот на настанот.
Линк до настанот на Facebook. Влезот е СЛОБОДЕН.
Ве очекуваме!