ENGAGE Youth – Kонференција за социјален активизам кај младите

Младински образовен форум и Радио МОФ ве покануваат на првото онлајн издание на ENGAGE Youth- Kонференцијата за социјален активизам кај младите.

На 30-ти март (вторник) 2021 година со почеток во 19:00 часот, на платформата за видео комуникација ZOOM, млади активисти ќе споделат знаења и искуства на теми поврзани со граѓанска ангажираност, социјална промена, слобода на говор, технологија и иднината на образованието.
Регистрацијата за настанот е отворена на следниот линк: https://forms.gle/82VN2j2davR2g7hQ7

Со петмина говорници и културно интермецо, ENGAGE Youth ќе обезбеди едукација, интеракција и инспирација за младинци, групи и организации чија цел е да го подобрат општеството во кое живееме.

Говорници на конференцијата ќе бидат:
Бленди Ходаи, водач на Сојузот на средношколци | Тема: „Средношколскиот сојуз и битката на средношколците во време на пандемија“
Ивана Маркоска – Ике, илустраторка и активистка | Тема: „Празниците се за подарување: несебичниот активистички потег на Ике“
Eлена Савеска, активистка | Тема: „Мисли малце: Разбивање на стакленото ѕвоно под кое се кријат конзервативноста и патријахатот“
Бојан Ристовски, Андријана Серафимовска и Теодора Трајковска, активисти во САНО | Тема: „Како емпатијата може да биде водечка сила за активизам и волонтерство“
Тимот кој ја изработи Walkiie app | Тема: „Walkiie – Совршен спој на волонтерство и мобилност“
Горазд Китановски (Kenny The Heartist), слем-поет | Културно интермецо

Конференцијата е поддржана од National Endowment for Democracy, а е организирана од Младински образовен форум и Радио МОФ.

Сподели

Please enter an Access Token on the Instagram Feed plugin Settings page.