ENGAGE – Конференција за социјален активизам

ENGAGE е уникатно место каде активизмот, соработката и слободното изразување играат клучна улога во спојувањето и инспирирањето на активистичката заедница во земјата. Во изминатите години ENGAGE успеа да обезбеди најголем собири за поединци и заедници во нашата земја и тоа е единствениот настан кој продолжува да се организира секоја година и привлекува активисти со дискусија, иновација и зајакнување. Оваа конференција отворa дебата не само за статусот на слободата, правдата и еднаквоста во Северна Македонија, туку исто така се осврнува и на други многу важни прашања кои се однесуваат на основните човекови права, слобода на говор, солидарност, животна средина, младински прашања, образование и развој на демократијата во Македонија. Бидејќи има многу ограничен простор за активисти, едукатори, уметници, новинари и политички актери да се изразат слободно, конференцијата нуди простор за споделување и презентирање на нивните идеи, решавање на проблемите и истакнување на најважните акции и иницијативи од минатата година.

ENGAGE е конференција за социјален активизам, која Младински образовен форум и Радио МОФ за прв пат ја организираат во февруари 2012 година и е место каде домашни и странски активисти, новинари, креатори на граѓански и онлајн иницијативи, уметници и политичари споделуваат знаења и искуства на актуелни теми. Преку ENGAGE, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на граѓаните, нивната присутност и активно делување, како онлајн, така и во физичкиот простор.  Со над 10 говорници и 300 гости во публика, обезбеден аудио и видео стриминг, ENGAGE секоја година обезбедува едукација, интеракција и инспирација за индивидуи, групи и организации чија цел е да го подобруваат општетството во кое живееме.

Изминативе години како странски говорници учествуваа: Дан Лахав (комјутерски научник), Микал Возниак (хакер и интернет активист), Сара Мардини (активистка од Сирија), Алина Афлекаиор (Green Peace, Romania), Катарина Прушкиевич, (новинарка), Енди Батентие (ко-организатор на маршевите против климатски промени во Париз), Јелена Анасоновиќ и Миодраг Симовиќ (#1od5milliona), Ловро Крсник (#IDaljeCitam), Љуљета Алиу („Жените не се сопственост: Економското насилство како семејно насилство“),  Мифани Никсон (Комуникациски и маркетинг менаџер на mySociety), Елтон Баџаку (незавизен режисер), Арбер Салиу (културен активист), Биргита Јонсдотир (поетеса, активистка, анархистка и трократна пратеничка во исландскиот парламент од Пиратската партија – Исланд), Иван Новак (основач на бендот „Лајбах“ – Словенија), Ирина Гордиенко, (новинарка на весникот Новаја Газета која го истражуваше прогонот на ЛГБТ лицата во Чеченија – Русија), Ана Биалас (Change.org – Полска), Михаи Политеану (извршен директор на Иницијатива Романија), Емилиано Кампањола (актер, режисер, видео – артист – Италија), Јернеј Кастелич (Autonomous Factory Rog – Словенија), Ксенија Радовановиќ (Neda(vi)mo Beograd – Србија), Христос Јовнопулос, (Hub for Social Economy – Грција, Валерио Мушела (project  4StelleHote – Италија), Ирем Сомер (Association for Solidarity with Refugees – Турција), Питер Ван Хојте (политичар – Белгија), Питер Сунде (The Pirate Bay – Финска/Норвешка), Смари МекКарти (Iceland Pirate Party – Ирска/Исланд), Владан Јолер (SHARE – Србија),  Јарина Груша (Babylon 13 – Украина), Ајзис Томпсон (режисерка на The Real Social Network – Велика Британија), Дејан Николиќ (Njuz.net – Србија), Салио Сијах (Glasomer и Vistinomer – Босна и Херцеговина), Хана Марку (Kosovo 2.0), Дарко Соковиќ (Dokukino – Србија), Вук Војновиќ (Влада на Црна Гора). Како домашни говорници учествуваа повеќе од  50 говорници меѓу кои се: Фчерашни новости, Никола Писарев, Беса Арифи, Ленче Ристоска, Томислав Кежаровски, Роберто Беличанец, Владимир Милчин, Златко Ориѓански, Ѓорче Ставревски, Петар Ниновски, Ирена Ристиќ и многу други.

Повеќе информации за сите изданија на ENGAGE погледнете на веб страната на конференцијата – engage.mk или директно на следните видео линкови:

ENGAGE 2020 // ENGAGE 2019 // ENGAGE 2018 // ENGAGE 2017  // ENGAGE 2016

ENGAGE@AKTO 2016 // ENGAGE 2015  //  ЕNGAGE 2014  //  ENGAGE 2013  //   ENGAGE 2012

Сподели