EuropaSecura е меѓународен натпревар за средношколци на теми поврзани со Европската Унија, НАТО и нивната улога во глобалната безбедност.
Партнерска организација и имплементатор за Македонија е Младински образовен форум (МОФ), кои по втор пат го организираат овој натпревар.
Целта на ова натпреварување е млади луѓе од Европа да ги проверат своите знаења и дискутираат за прашања од областа на меѓународните односи. Најуспешните и најкреативни средношколци на крајот од натпреварот ќе посетат петдневна работилница во Прага, каде ќе ги споделат своите ставови со средношколци од Европа, ќе учествуваат на предавања, работилници и симулации во еден од најраскошните градови во Европа.
За да можете да се натпреварувате, најпрвин мора да се регистирате на www.europasecura.org, најдоцна до 28 мај 2012 година!
Активности
28.05.2012Краен рок за аплицирање (24:00 CET)
29.05.2012Прва рунда – онлајн тест (од 12:00 до 16:00 CET)
30.05.2012Објавување на резултати од тестот. Објавување на тема за есеј 17.06.2012Краен рок за испраќање на есеи (24:00 CET)
30.06.2012Објавување на резултати од втората рунда. Прогласување на победници.
25-29.8.2012Интернационална рунда во Прага
Meѓународниот натпревар EuropaSecura, организирана од EUROPEUM Институтот за европска политика, е поделен во три фази. Првиот круг се состои од онлајн тест, кој има за цел да ги тестира познавањата на учесниците за ЕУ, НАТО и безбедносни прашања. Тој се состои од прашања на заокружување, логички задачи, како и работа со кратки текстови и мапи.
За време на тестот дозволено е користење на сите видови на извори на информации, како книги, бази на податоци и на интернет.
Втората фаза се состои од пишување есеј на македонски јазик на тема меѓународни односи, на однапред објавени теми. Eсеите ќе бидат оценувани од стручно жири кои ќе ги изберат најдобрите 3 средношколци кои ќе патуваат во Прага, каде ќе се одржи финалното натпреварување.
Формуларот за регистрација и повеќе информации можете да најдете на: http://www.europasecura.cz/en/information.php. Доколку имате било какви прашања ве молиме обратете се на macedonia@europasecura.cz