Mеѓународен натпревар за средношколци на теми поврзани со Европската Унија, НАТО и нивната улога во глобалната безбедност.
На овој меѓународен натпревар, средношколци од Европа ги тестираат своите знаења и дискутираат за прашања на тема: Меѓународни односи. Најуспешните и најкреативни средношколци на крајот од натпреварот ќе посетат седум-дневна работилница во Прага, каде ќе ги споделат своите ставови со ученици од целиот свет, ќе учествуваат на работилници со симулации и ќе слушаат предавања во еден од најраскошните градови во Европа.
Натпреварот се состои од 3 фази:
Првата фаза се состои од Онлајн тест кој ќе се одржи на англиски јазик. Дваесет ученици кои ќе постигнат најдобри резултати од Македонија ќе продолжат во вториот круг.
Втората фаза од натпреварот е пишување на есеј на македонски јазик, на тема меѓународни осноси. Eсеите ќе бидат оценувани, по што ќе се изберат најдобрите 3 средношколци кои ќе патуваат во Прага, каде ќе се одржат заедничките работилници и финалниот натпревар.
Календар на активности
2.6.2011Краен рок за аплицирање (24:00 CET)
3.6.2011Прва рунда – онлајн тест (од 14:00 до 16:00 CET)
6.6.2011Објавување на резултати од тестот. Објавување на тема за есеј
20.6.2011Краен рок за испраќање на есеи (24:00 CET)
29.6.2011Објавување на резултати од втората рунда. Прогласување на победници.
20-27.8.2011Интернационална рунда во Прага
Формуларот за регистрација и повеќе информации можете да најдете на: http://www.europasecura.cz/en/index.php
Доколку имате прашања обратете се на brankica_georgievska@mof.org.mk и 023139692.