Период на реализација: 01.10.2011 – 30.06.2012
Донатор(и): Општина Карпош
Краток опис на проектот: Фестивал на јавни дебати во Општина Карпош е деветмесечен проект поддржан од Општина Карпош, имплементиран од Младински образовен форум.
Целта на проектот „Фестивал на јавни дебати во Општина Карпош“ е обучување на 30-тина млади луѓе од Општина Карпош за дебата, јавно говорење и критичко размислување. Овие 30-тина луѓе се и имплементатори на 6 јавни дебати на територијата на општината, на теми од младински интерес.
Целта на јавните дебати е отворено и јавно да се дискутира на теми кои се актуелни во општината и помеѓу младите. Дебатите се отворени за посетители и на нив ќе можат да присуствуваат заинтересирани жители од општината кои исто така ќе можат да се вклучат во дебатата.
Проектот „Фестивал на јавни дебати“ финализира со натпревар во дебатирање, на кој беа прогласени и наградени најдобрите тимови и поединечни говорници. На истиот настан на учесниците на обуката им беа доделени сертификати за успешно помината обука за дебата.
Училишта вклучени во проектот се: СУГС „Никола Карев“, СУГС „Георги Димитров“, СУГС „Орце Николов“, СГГУ „Здравко Цветковски“.