Филмска проекција „From Danger to Dignity“

Младински образовен форум и платформата за слободен пристап до легален абортус „Матка“ ве покануваат на проекцијата на филм „From Danger to Dignity” на режисерката Дороти Фадиман. Проекцијата на филмот ќе се случи на 27.03.2014 (четврток) со почеток во 19:30 часот во просториите на Младински образовен форум. МОФ се наоѓа на ул.Дренак 34-а, мапата може да ја најдете тука.

Филмот ја документира реалноста на абортусот во САД и содржи потресни интервјуа со жени, активистки, доктори, мажи и останати кои биле и се засегнати од проблемот со илегалниот абортус.

По проекцијата на филмот ќе следува дискусија со Јана Коцевска и Кристина Леловац, членови на платформата „Матка“. По отварањето на дискусијата, Јана и Кика ќе го претстават весникот „Избор“ кој е дел од активностите на „Матка“.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: