Младински образовен форум ве поканува на филмска проекција на филмот „We are legion- the story of the hactivists“ под отворено небо.
Филмот ќе се проектира во дворот на МОФ на 22 јуни (сабота) со почеток во 20:00 часот. Земете си грицки и пијалок и се гледаме пред големиот екран!
Опис на филмот:
Документарец за работата и верувањата на самодекларираниот „хактивистички“ колектив Анонимус.
Веднаш по проекцијата на документарецот “We are legion- The story of the hactivists”, ќе се одржи и јавна дебата на тезата: Овој дом верува дека интернетот е најмоќна алатка за демократизација на светот.
Препорачуваме да посветите уште малку време од вашата саботна вечер на дискусија за улогата на интернетот во современото општество.