Филмски вечери– Конференција е-Општество: Млади и медиуми

Младински образовен форум (МОФ) и Метаморфозис ви најавуваат проекции на четири филмови во рамките на филмските вечери на конферецијата е-Општество: Млади и медиуми.

Проекциите се со почеток од 18:00 и 20:00 часот на 7ми и 8ми февруари, во џебното кино Фросина, МКЦ, а влезот е бесплатен и отворен за сите заинтересирани.

Репертоар на проекции:

Riot From Wrong

07.02.2014, почеток 18:00 часот

Документарец направен од група млади од непрофитна организација Fully Focused Community. Во потрага по вистина и слушајќи ги гласовите кои сметаат дека не се чуени.

Sav Taj Folk / All That Folk

07.02.2014, почеток 20:00 часот

“All that folk” е серија од политички документарци, продуцирани од страна на Б92 телевизија, која го анализира феноменот на раѓањето на турбо-фолкот во Србија и во регионот на поранешна Југославија, обидувајќи се да ги објасни причините за создавањето на овој уметнички безначаен музички жанр.

103 – Љубовно писмо до алтернативната култура“

08.02.2014, почеток 18:00 часот

103 – Љубовно писмо до алтернативната култура“ е приказна за Канал 103 – уникатно и култно радио од Скопје, Македонија. Виден низ очите на нараторот, кој е дел од радиската приказна повеќе од две децении, филмот се занимава со неверојатните настани кои доведоа до настанокот на Канал 103, а особено со генезата на неговата трансформација во независен и напреден медиум, медиум што оттогаш стои цврсто наспроти естаблишментот и корумпираната медиумска реалност во Македонија.

The Majority Starts Here

08.02.2014, почеток 18:00 часот

Шест млади луѓе од поранешна Југославија, патуваат низ регионот и истражуваат како судирите од минатото, кои во тоа време биле премногу млади за целосно да ги разберат, влијаат врз нивната сегашност и иднина.
е-Општество: Млади и медиуми е дводневна конференција која ги истражува медиумите од младинска перспектива, медиумите под водство на млади, медиумската писменост, квалитетот на информации, активизмот на дигиталните медиуми, музиката и движењата.

Повеќе информации за настанот можете да најдете на e-society.mk

 

Сподели