Финална дебата „ Интернет претприемништвото ќе ја развие оваа заедница “

На 29 јуни 2011 година, со почеток во 14:00 часот, во конференциската сала на хотел Оаза се одржа финалната дебата по Карл Попер формат, организирана од Младински образовен форум [МОФ] и Фондација за развој на локалната заедница во Штип.

Финалната дебата е производ на натпреварувањето помеѓу 70 средношколци членови на мрежата на Локална младинска иницијатива, распространета во 14 градови низ Р.Македонија.

Во финалната дебата дебатираа тимовите Скопје 2 и Штип 2.

Официјалните резултати се следниве:

Топ 3 говорници на турнирот:

1. Христина Шеќерова

2. Ѓорѓи Димески

3. Моника Саздова

Топ 3 тимови на турнирот:

1. Скопје 2 (Христина Шеќерова, Ѓорѓи Димески, Јована Ѓорѓиевска)

2. Штип 2 (Ванче Димовски, Бобан Ристов, Мартин Панајотов)

3. Велес 1 (Александра Гочева, Дејан Ризински, Моника Саздова)

Овие млади поделени во афирмативен и негациски тим, ги презентираа говорите пред јавноста. Дискутираа за придобивките од интернет претприемништвото како што се: намалување на трошоците, демократизација и либерализација на трговијата, достап на добра и услуги од секоја локација и подобра даночна ефикасност. Додека негацискиот тим говореше за малиот пазар за е-трговија кој е во развој и моментално не гарантира брз поврат на инвестиција. Оперативните трошоци и ризиците асоцирани со е-трговијата се најголем ограничувачки фактор за развојот на пазарот во Македонија.

Младите препорачуваат да се продобрат условите и можностите за отпочнување на ваков бизнис. Да се надминат ограничувањата, неопходна е поголема информираност, активност и соработка помеѓу клучните институции. Тука би се вброиле владата, банките, платежните процесори и обезбедувачите на услугите за е-трговија.

ЛМИ дебатниот турнир е дел од Глобалната недела на претприемништво – Македонија.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: