Барај
Close this search box.

Форум на граѓанско општество дел од Самитот на Западен Балкан во Виена

Во периодот од 25 до 27 август, во Виена се случува Форум на граѓанско општество, како дел од активностите на Самитот на Западен Балкан. На форумот учествуваат и преставници од македонските граѓански организации и универзитети: Бојан Маричиќ, Малинка Ристевска-Јорданова, Тања Хефнер Адеми, Тамара Чаушидис, Сашо Ордановски, Драган Тевдовски, Дане Талески, Елена Ставреска и Дона Костуранова.

Инспирацијата за ваков комплементарен пристап, како што посочуваат организаторите на Форумот, е фактот што социо-економските и политичките реформи и понатаму остануваат клучни за успешна европска интеграција на земјите од Западен Балкан, процес кој може да биде успешен само со широка и сеопфатна вклученост на граѓанското општество. Форумот на граѓанско општество како дел од Самитот на Западен Балкан во Виена 2015 претставува една платформа каде граѓанското општество може да артикулира препораки, предлози, да биде критичен и компетентен глас во циклусот на Самити кој започна во Берлин во 2014 година и продолжува во Виена во 2015 и во Париз во 2016 година.

За време на Форумот ќе бидат дискутирани трите теми кои се идентификувани како клучни во областа на социо-економската состојба: градење на култура за регионална соработка, слобода на изразување како и креирање на работни мести и просперитети.

Во вечерните часови на 26 август 2015 година, еден ден пред самитот на земјите од Западен Балкан, Форумот на граѓанското општество ќе одржи голема дебата вклучувајќи ги и водечките политичари и 200 претставници на граѓанското општество.

Извршниот Директор на Младински образовен форум, Дона Костуранова ќе биде дел од големата дебата на која покрај неа ќе учествуваат: Себастиан Курц – австрискиот министер за надворешни работи; Eди Рама – премиер на Албанија; Александар Вучиќ – премиер на Србија; Јоханас Хан – комесар на ЕУ за европски соседни политики и преговори за проширување; Игор Лукшиќ – заменик премиер и министер за надворешни работи и европска интеграција на Црна Гора како и Игор Црнадак– министер за надворешни работи за Босна и Херцеговина.

На дебатата учесници ќе бидат и претставници на граѓанското општество: Ардиан Хачкај – директор на платформата за јавни политики „Shtetiweb“ во Институтот за соработка и развој; Мелиха Бајрамовиќ – координатор на Пленум Зеница, Албанија; Фаик Испахиу – директор и извршен продуцер на Balkan Investigative Reporting Network, Босна и Херцеговина; Дејан Миловач – директор на Центар за истражување и заменик директор на МАНС, Црна Гора; Александар Симурџиќ – генерален секретар на Европското движење, Локални совети Нови Сад, Србија.

Модератор на дебатата е Иван Вејвода, Германски маршал фонд на САД и Ана Петрушева од БИРН.

Препораките и предлозите на форумот ќе бидат презентирани на политичките лидери на Самитот на земјите од Западен Балкан.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: