Период на реализација: 01.09.2011 – 28.02.2012
Донатор(и): УНДП
Краток опис на проектот: Проектот „ Free2Choose-Create“ е шест месечен проект кој Младински образовен форум го спроведува во партнерство со Ана Франк Институтот од Холандија.
Проектот има за цел да ги вклучи младите средношколци кои доаѓаат од различни етнички, културни и социо-економски позадини во правење на кратки филмови за човекови права, кои подоцна ќе се користат за поттикнување на дискусија во средните училишта.
Проектните активности вклучуваат: тренинг за средношколци, кој резултира со креирање на кратки видеа, тренинг за методологијата на проектот за професори од средни училишта и 35 јавни дебати во средните училишта вклучени во проектот.
Во самиот проект се вклучени четири средни училишта од Скопје и две средни училишта од Тетово.
За потребите на проектот беше и изработена брошура за професори каде е опишана методологијата на работа на проектот.