Донатор: European Union fund for education and culture Erasmus+
Носител на проектот: International Debate Education Association (IDEA-NL) во партнерство со МОФ и 6 други национални дебатни организации од Европа.
Период на реализација: февруари 2015 – февруари 2018
Краток опис на проектот:
Младински образовен форум во соработка со Интернационалната дебатна образовна асоцијација (International Debate Education Association) IDEA спроведува истражување за логичкото размислување и свеста за политичките вредности кај средношколците. Ова истражување е дел од проектот за мониторинг и евалуација кој се спроведува во осум земји – партнери – Литванија, Латвија, Романија, Естонија, Чешка, Словачка, Холандија и Македонија .
Со цел да се проучи влијанието кое го имаат академските методи за предавање дебата, истражувањето се врши на средношколци кои членуваат во дебатни клубови и средношколци кои не се дебатери, односно не посетуваат предавања по дебата.
Целиот прашалник и концепт на проектот е дизајниран од експерти во полето на образованието и евалуацијата. Спроведувањето ќе се изврши во две етапи – првата на почетокот а втората на крајот на учебната година.
Финалните резултати ќе придонесат за зголемување на квалитетот на дебатните предавања, активности и настани организирани од дебатните друштва во сите земји вклучени во овој проект.