[Галерија] Одржан дводневен тренинг за младинските клубови за демократско учество

Младински образовен форум (МОФ) на 9 и 10 септември со поддршка од Фондација за демократија на Вестминстер, организираше  дводневен тренинг за тренери за младинските клубови за демократско учество.

Целта на овој дводневен тренинг беше идните тренери во младинските клубови да се стекнат со поголемо знаење и методолошки вештини за работа со младите лица со оштетен слух и говор, како и со младите лица со оштетен вид.

Тренерите кои беа дел од овој тренинг ќе бидат ангажирани за реализација на предавања во рамки на две училишта за лица со попречености во Скопје – ДУЦОР „Партенија Зографски“ и ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во периодот од септември до декември 2021 година.

Активностите на младинските клубови за демократија работат по однапред утврдена програма која опфаќа 10 средби поделени во 5 области: Човекови права и демократија, Младински организации и структури, Институции и политики за млади, Активизам и учество, Застапување и младинско делување. На крајот од програмата секој младински клуб ќе добие можност да организира релевантна младинска акција.

Овие клубови се реализираат во рамките на проектот „Зајакнување на демократски компетенции кај младите“, поддржан од Фондација за демократија на Вестминстер.

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: