Младинскиот образовен форум одржа обука за млади истражувачи, која се одржа на 2 и 3 октомври.
Во рамки на обуката, 10 млади лица имаа можност да се запознаат со основите на академското пишување, структурата на научни-истражувачките трудови, методологија и други вештини потребни за изработка на квалитетно научно истражување.
Обуката беше реализирана со помош на искусните тренери и истражувачи д-р Борјан Ѓузелов и д-р Мартин Галевски.
Активноста е поддржана од Отворено Општество – Македонија.