Во рамките на кампањата за поттикнување на граѓаните масовно да излезат и да гласаат на претстојните вонредни Парламентарни избори 2011, Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) и Младинскиот образовен форум (МОФ) го организараат јавниот настан „Гласам“. Настанот ќе се одржи на 15 мај 2011 (недела), на улицата Македонија во Скопје (пред спомен куќата на мајка Тереза), со почеток во 12 часот.
Посетителите на настанот ќе имаат можност, преку интерактивни игри и промотивни материјали, да се забавуваат и да се информираат за демократското право, но и за демократската обврска, да гласаат на денот на изборите.
Основата на кампањата се афирмативните слогани:
Има(ш) избор(и)
Пушти глас
Избори се!
Гласај или молчи!
Гласам! Избори се! Не молчи!
Ве покануваме да ни се придружите во промовирањето и афирмирањето на гласачкото право, едно од основните граѓански права.