Младински образовен форум ги поканува сите свои членови на редовното годишно собрание кое ќе се оддржи на 27 март 2010, со почеток во 12 часот, во просториите на МОФ. На дневниот ред е презентација, дискусија и усвојување на годишните извештаи за работата на МОФ, презентација на програмата за работа за наредната година и разгледување на предложените промени на Статутот на организацијата.
Според Статутот на МОФ право на глас имаат сите полнолетни членови кои се членови на организацијата повеќе од 6 месеци.
На следниот линк можете да ги превземете Годишниот извештај за активностите 2009-2010 (тука) и Годишната програма за 2010 (тука).