Градоначалникот на Чаир со поддршка на иницијативата за формирање на Локален младински совет

На 17ти февруари, со почеток во 14 часот, во “Занаетчиската комора на Република Македонија” во Старата скопска чаршија, се одржа трибина на која членовите на  иницијативата за формирање на локален младински совет во општина Чаир, ја промовираа својата неколку месечна работа преку видео кое самите тие го изработија.

Оваа акција е дел од проектот “Развој на локално младинско учество и локални младински политики во 12 општини”  на Младински образовен форум и Центар за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.

Целта на настанот беше промоција на дваесет минутното видео, во кое преку свои изјави како претставници на младински организации, подмладоци на политички партии, разни движења итн, членовите на Иницијативнот одбор порачаа зошто на општина Чаир и е потребен локален младиски совет.

На промоцијата и претходеше панел дискусија, во која како говорници на присутните млади им се обратија Мирсад Пајазити, претставник на Исламски младински форум , Дона Костуранова, Извршен директор на Младински образовен форум, Арбана Ќерими, претставник на “Цивил – Центар за слобода”, исто така, Градоначалникот на Општина Чаир г. Изет Меџити.

Фахри Хисени, како претставник на Младинскиот образовен форум, во Иницијативниот одбор, изјави повеќе околу целата идеја на проектот, начинот на реализација, како и неговара важност, а и во името на Иницијативниот одбор му се заблагодари на Градоначалникот за поддршката што тој ја дава на оваа иницијатива.

“Главната цел на овој проект е директно вклучување на младите во процесите на донесување одлуки, односно во прашањата со младински карактер. Исто така, од особена важност е младинските политки да бидат креирани од самите млади. Ние како совет наскоро се надеваме и дека официјално ќе започнеме да функционираме, и дека ќе сме место каде што младите луѓе од општина Чаир ќе можат да ги изразат своите потреби, проблеми, барања, идеи и своите мислења итн. Им се заблагодаруваме на градоначалникот на Чаир, г. Изет Меџити и на Општина Чаир за својата поддршка на оваа иницијатива …. “, изајви Фахри Хисени.

“На младите луѓе од Чаир им е потребна поддршка и можности да ги искажат своите мисли и своите идеи, а Локалниот младински совет ќе им ја пружи таа можност на младите.  Мојот став е дека Чаир треба да ги обедини младите луѓе, без оглед на која етничката припадност припаѓаат. Треба да се напомене дека иднината и сегашноста им припаѓа на младите и треба да ни се даде можност на нас да се дејствуваме и да се создаде младински политики, бидејќи ние како млади најдобро знаеме што им треба на младите … “, изјави Арбана Керими од „Цивил – Центар за слобода“.
Панелистот Мирсад Пајазити, претставник на Исламскиот  младински форум, говореше за пресудната улога на младите и потребите на младите луѓе во оваа општина.
“Локалниот младински совет ќе биде платформа која ќе ги застапува интересите и потребите на младите луѓе, но ќе биде и врска до сите инволвирани страни во овој процес и ќе обезбеди вклучување на младите во процесите на донесување одлуки особено во врска со младинските политики во општината.”, изјави Мирсад Пајазити.
Оваа иницијатива беше позитивно прифатена и од страна на Општина Чаир и од со г-дин Изет Меџити. Градоначалникот Меџити се обрати кон присустните со говор за својата подготвеност за целосна поддршка на оваа иницијатива и ги покани сите нив заедно за да направат конкретни предлози и да ги изложат своите идеи кои потоа и ќе ги имплементираат во пракса. Тој исто така додаде и дека сите проекти кои произлегуваат од овој совет и кои се корисни за младите од Чаир, ќе добијат силна поддршка од Општина Чаир.

Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија (ИПА програма – Civil Society Facility).

 

СПОДЕЛИ ЈА ОБЈАВАТА:
Facebook
Threads
LinkedIn
X (Twitter)
WhatsApp
Skype
Email
Print
ПОВРЗАНИ ОБЈАВИ: